Нова катаклизма во Вухан: Големото невреме однесе стотина животи, милиони се загрозени...

Точка

07/07/2020

13:12

2.414

Големина на фонт

а а а

Жителите на кинескиот град Вухан повторно се осудени да седат во своите домови, но овојпат поради големото невреме и поплавите поради кои градските власти прогласија втор степен на готовност.

Кинеските медиуми пренесуваат дека во Вухан од неделата до полнеделникот наврнале рекордни 426 милиметри дожд, а останатите региони се подготвуваат за големи поплави поради обемната количина на дожд каква што не е видена со децении.

##https://twitter.com/tiandichun1/status/1275291413920571392?s=20##

Врнежите на дожд предизвикаа одрони на земјиштето и поплави кои директно погодија 20 милиони жители, а досегашната штета се проценува на 5 милијарди евра.

Кинескиот Државен хидрометеоролошки завод издаде 31-дневно предупредување за обилни врнежи на дожд. Од Министерството за управување со итни ситуации соопштија дека најмалку 121 лице загинало како последица на невремето, а над 875 илјади лица морале да побараат алтернативен „покрив над главата“.

Претседателот Си Џинпинг последен пат на нацијата ѝ се обрати на 29-ти јуни после повеќенеделните обилни врнежи на дожд и тешки поплави. Џинпинг порача дека во борбата против поплавите првенствено мора да се води сметка за животите на луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг