Ситуацијата излегува од контрола: Демонстранти убија 8-годишно девојче за време на протестите во САД

Точка

07/07/2020

09:53

3.867

Големина на фонт

а а а

Осумгодишно девојче е убиено за време на насилните протести во Атланта, на истото место каде што поранешниот полицаец го усмрти Афроамериканецот Рејшард Брукс.

Малата Секориа Тарнер била убиена додека се возела во автомобил со својата мајка, односно додека се паркирале на место каде што вооружените демонстранти поставиле барикади.

Во тие моменти некој од групата на демонстранти отворил оган кон возилото и куршумот го погодил девојчето кое набрзо потоа им подлегнало на повредите.

„Демонстрантите рекоа дека животите на црнците се важни. Го убивте своето. И тоа само поради барикада. Го убивте моето дете затоа што ја премина барикадата“, изјави таткото на Тарнер за американските медиуми.

После трагедијата се огласи и градоначалничката на Атланта, Кејша Ленс Ботомс која повика на промени.

Сега е навистина доста. Зборуваме за движењето кое го има ширум Америка, во време кога луѓето во земјата и светот говорат дека сакаат промени. Се бориме против внатрешен непријател кога пукаме едни во други на улиците. Пукавте во дете и го убивте. А, не пукал само еден од демонстрантите, туку двајца“, порача Ботомс.

Таа порача дека сака луѓето да ја покажат истата страст кон ставањето крај на насилствата во заедницата, како што бараат и реформи во полицијата.

„Имавме преку 75 престрелки во градот во изминатите неколку седмици. Не можете за тоа да ја обвинувате полицијата во Атланта. Осумгодишно девојче е убиено затоа што нејзината мајка возела на улица. Не сакате да има на улиците некој кој пука во автомобили. Ако знаете кој го сторил тоа, треба да го пријавите“, изјави Ботомс.

Полицијата понуди награда од 10 илјади долари за информација која би довела до апсење на убиецот. Во тек е истрага, а осомничените сега се опишани како „група на црномурести лица“.

Да потсетиме, насилните протести избија откако неодамна беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд од полицијата при апсење во Минеаполис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг