Видео: Заев ќе им дели медали на лекарите, Мицкоски со критики за инфектолозите

Точка

06/07/2020

20:32

7.287

Големина на фонт

а а а

Претседателите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во второ предизборно соочување, овојпат на националниот ТВ сервис.

„Светската здравствена организација, домашните експерти и многу други потврдија дека ние имаме објавување на чесни бројки, транспаретни во врска со коронавирусот. Комисијата за заразни болести, без разлика дали има или нема избори, сакаше отворено од самиот почеток да ја известува јавноста“, изјави Зоран Заев.

Христијан Мицкоски, пак, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека Македонија е убедливo рекордер по бројот на загубени животи од коронавирусот споредбено со земјите во регионот, заради калкулантскиот однос на Заев и Филипче.

„Рекордери сме по бројот на луѓето коишто го загубиле животот поради Ковид-19 пандемијата, а сето тоа е поради калкулантскиот однос, непримерниот однос, наместо тие во Комисијата за заразни болести да бидат инфектолози, прераснаа во политиколози“, рече Мицкоски.

„Не покажавте ништо во изминативе неколку години, освен опструкции и кочење. Јасно му е тоа на народот. Сто пати само моето име го спомнувате. Сите спотови ви се со Зоран Заев. Во сонот сум ви ноќна мора, веројатно. Зоран Заев ќе го гледате уште 4 години. Зоран Заев ќе ја добие одговорноста од нашиот народ и ќе продолжи да работи за нашиот народ. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ со европски лидер некогаш ќе поддржи вакви процеси како што е ветингот“, рече Заев.

Мицкоски, на ова одговори дека единственото што Заев досега го направил е да ја опустоши и да ја омаловажи земјава.

„Вие направивте да владеат криминалот и уцените. Вашата и мојата реторика се разликуваат. Јас не барам власт, нити сум шеф. Јас сум заедно со народот со желба да ја обновам државата. Јас сум претседател на партијата и вие не сте ми ноќна мора. Се надевам дека ќе ве гледам и во иднина, но во едно друго место каде што ќе мора да ја докажувате вашата невиност“, одговори Христијан Мицкоски

Во однос на Луј Витон торбата која беше изнесена од домот на Јовановски, Зоран Заев вели дека апсолутно нема никаква врска со него, односно самиот тој го пријавил рекетот во Јавното обвинителство. Мицкоски истакна дека доколку Заев навистина го пријавил рекетот уредно, тогаш би требало да има писмена белешка за таквата пријава, која тој всушност ја нема. Тоа укажува на нелегитимноста на пријавата, вели Мицкоски.






Спонзорирани линкови

Маркетинг