Луѓето со оваа крвна група им се ''највкусни'' на комарците

Точка

06/07/2020

16:07

3.716

Големина на фонт

а а а

Во секое друштво постои една личност која што им е ''најпривлечна'' на комарците, додека пак постојат и онакви луѓе кои што се имуни на убоди од комарци.

За што станува збор?

Имено, како што тврдат од Универзитетот на Флорида, еден од водечките фактори за тоа е крвната група.

На комарците најважна им е вашата крвна група, но не и за мажјаците. Женките комарци зависат исклучително од протеинот од човечката крв, а некоја крвна група сепак е ''повкусна'' за комарците за разлика од останатите.


Така истражувањата покажале дека двапати попривлечни за комарците се луѓето со нулта крвна група, за разлика од оние со крвна група А.

Луѓето со крвна група Б се наоѓаат во златна средина.

Исто така кај дури 85 отсто од луѓето се произведува секреција која што ја сигнализира нивната крвна група кај комарците, поради што повеќе ги привлекува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг