Една фотографија откри сè: Крај на шпекулациите за бракот на славната холивудска актерка Џулија Робертс

Точка

06/07/2020

15:15

3.421

Големина на фонт

а а а

Веќе со месеци се зборува за тоа како бракот на Џулија Робертс и Даниел Модер е пред крај.

Странските медиуми пренесуваат детали од нивниот приватен живот, а многу се пишуваше и зборуваше за тоа дека Џулија го исфрлила Даниел од домот.

Меѓутоа, изгледа дека сепак тоа не е вистина. Иако никогаш не изнесуваат многу детали од својата интима, актерката споделила една нежна фотографија со својот сопруг, и тоа по повод нивна 18-годишнина од брак.

Станува збор за заедничката фотографија на која што го бакнува:

„Кога го запознав Даниел и се венчав со него, мојот живот доби нова смисла. Тогаш сфатив дека мојот живот нема да биде ист“ - раскажала актерката своевремено.

Инаку, тие двајца се венчале во 2002-та година, а пред тоа Даниел бил во брак со шминкерка.

Овој пар има три деца, Хејзел, Финеја и Хенри Даниел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг