Замина големиот композитор: Збогум, Енио Мориконе

Точка

06/07/2020

14:12

2.075

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот композитор и диригент Енио Мориконе, почина денеска на 91-годишна возраст.

Како што пренесува “Hollywood Reporter”, Мориконе починал поради компликации настанати од скршената бутна коска, која тој ја скршил минатата недела при пад. 

Композиторот ќе остане запаметен по музиката за филмови, а поради својот квалитет го стекнал прекарот “Маестро”.

Во соработка со својот пријател од детството, режисерот Серџо Леоне, остави неизбришлив траг во шпагети вестерн филмовите, поставувајќи нови граници кога станува збор за компонирање на музика за филмови.

Во последните моменти од животот, покрај него била сопругата Марија, а Енио зад себе остави деца и внуци. Тој ќе биде погребан во кругот на семејството.

Во текот на повеќедецениската кариера, Мориконе ја направи музиката за филмовите “Once Upon A Time in America”, “Malena”, “The Untouchables”, “A Fistful of Dollars” и многу други, а беше 6 пати номиниран за најголемата награда во областа на кинематографијата – престижниот Оскар.


Композиторот доби почесен Оскар во 2007 година за својот значаен придонес за кинематографијата, а во 2016 година се закити со Оскар како најстар добитник за музиката за филмот “The Hateful Eight” на Квентин Тарантино.

Енио Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година и свирел неколку инструменти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг