Реакцијата на ова маче на лентата за трчање е прегледана 7 милиони пати, еве и зошто

Точка

06/07/2020

13:50

3.823

Големина на фонт

а а а

На Јутјуб се појави видео кое ја прикажува реакцијата на мачката Инди на подвижната лента за трчање, кое за нешто повеќе од еден месец е прегледано неверојатни 7 милиони пати.

Сопственикот на Инди, Волтер Санти, купил подвижна лента за трчање за да вежба, а мачката била повеќе од изненадена и љубопитно го набљудувала непознатиот предмет кој се нашол во нејзиниот дом. 

Таа не можела ниту да одолее, а да не ја испроба лентата па шетала, паѓала и трчала по неа. Се обидувала дури и да го дофати топчето, што ѝ одело малку потешко.

Сопственикот не можел да се воздржи од смеа, гледајќи ги нејзините обиди, а зошто ова видео насмеа и многу други гледачи – проверете сами.




Спонзорирани линкови

Маркетинг