Домашен лек против кашлица: Ги чисти белите дробови, смирува и лекува

Точка

06/07/2020

13:27

7.325

Големина на фонт

а а а

Доколку имате проблеми со кашлица предизвикана од алергија, пушење цигари, вирус или настинка, ова е вистинскиот лек за вас.

Освен што ја смирува кашлицата и го чисти телото од слуз, овој лек му помага на организмот да се избори со инфекциите. 

Еве што вели д-р Меркол од клиниката “Mayo”:

“Кашлицата се смета за акутна ако трае помалку од 3 недели, а се смета за хронична ако трае подолго од 8 недели (кај децата 4 недели)”.


Некои од причините за акутна кашлица вклучуваат грип, настинка и воспаление на белите дробови, а вообичаени причинители за хроничната кашлица се алергиите, астмата, бронхитисот и гастроезофагеалната рефлуксна болест.

Наместо аптекарски лекови, испробајте ја оваа домашна мешавина која успешно помага во смирување на кашлицата.

Потребни состојки:

- 2 зрели банани

- 2 лажички домашен мед

- 400 мл. вода


Начин на припрема:

1. Зовријте 400 милилитри вода. Испасирајте ги бананите и додајте ја водата во нив.

2. Поклопете и оставете да се излади околу половина час, а потоа додајте го медот и измешајте.

Ваквиот лек консумирајте го 4 пати дневно, по 100 милилитри. Подгревајте го пред секоја употреба.

Освен што ја смирува кашлицата, ваквата домашна мешавина ќе го подобри и вашиот сон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг