Во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Полска, претседателот Андржеј Дуда порача дека ќе настојува да го промени Уставот за на истополовите парови да им биде забрането посвојувањето на деца.
Предлог законот пристигнува на разгледување во парламентот уште денес, изјави Дуда.
Неговиот либерален противник во вториот круг од изборите, градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски исто така порача дека се противи на посвојувањето на деца од страна на истополовите парови, пренесува новинската агенција „ПАП“.
Пратеникот во парламентот и ЛГБТ активист, Кшиштоф Смижек го критикуваше Дуда поради предложувањето на нешто што не би го добило потребното мнозинство во парламентот.
„Тоа е обид за мобилизација на стравот со цел да се соберат гласови“, оцени Смижек.
Според последните анкети, Дуда има мала предност пред Прзасковски и се предвидува дека ќе победи со 50,9% од гласовите.