Австралија во борбата против коронавирусот примени мерка од времето на шпанската грозница

Точка

06/07/2020

09:31

2.985

Големина на фонт

а а а

Границата помеѓу двете најнаселени австралиски држави Викторија и Нов Јужен Велс од денес ќе биде затворена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.

Ова е прв пат во последните 100 години таа граница во Австралија да биде затворена - последен пат тоа се случило во 1919-та година за време на пандемијата на шпанската грозница, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на заразени со коронавирус овие денови посебно се зголеми во Мелбурн, инаку престолнина на Викторија.


Поради тоа, австралиските власти наредија задолжително социјално дистанцирање во 30 предградија и наредија 9 стамбени висококатници да бидат во целосен карантин.

Инаку, сојузната држава Викторија од претходно ги затвори границите и со Јужна Австралија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг