Мал авион за кој постои сомнение дека превезувал дрога се запали откако во неделата слета на автопат во јужната мексиканска држава Кинтана Ро.
Не е познато дали авионот принудно слетал и се запалил поради некаков дефект или грешка на пилотите, или пак бил подоцна запален од самите криумчари со намера да бидат уништени доказите.
На снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како леталото гори и се издига густ чад.
Секретарот за јавна безбедност, Алберто Капеља изјави дека авионот може да биде поврзан со „нелегални активности“, меѓутоа не се објавени повеќе детали за инцидентот.