Агентот на Хакими откри кој е „виновникот“ за неговиот трансфер во Интер

Дерби

05/07/2020

15:18

2.040

Големина на фонт

а а а

Мароканскиот репрезентативец, Ашраф Хакими од наредната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот прволигаш Интер.

Тој во изминативе две години беше на позајмица во Борусија Дортмунд каде многу напредуваше и се промовираше во еден од најдобрите играчи на својата позиција, но тоа не беше доволно за Реал Мадрид кој одлучи да не го враќа Хакими на „Сантијаго Бернабеу“, поточно да му дозволи да направи трансфер во друга екипа.

-Зинедин Зидан е причината за трансферот на Хакими во Интер. Тој мора да објасни зошто никогаш не го повика играчот. Мислам дека враќањето во Реал немаше да биде можност за него со оглед на присуството на играч како Дани Карвахал, ама сигурен сум дека кариерата на Хакими ќе биде блескава по овој чекор, -истакна агентот на играчот, Алехандро Камано.

Ашраф имал и други понуди на маса како од Баерн Минхен и Манчестер Сити, меѓутоа Антонио Конте го убедел да го избере Интер.

-Тренерот беше во постојан контакт со Хакими, разговараше со него за проектот во клубот, па се решивме за трансфер во Интер. Мислам дека кога некој врвен тренер како Конте ве контактира и навистина е решено да ве има во неговиот состав, тоа е доказ дека сте важен дел од овој план, -истакна Камано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг