„Спиди Гонзалес“ од Милан го претрча цел терен на „Олимпико“ и за малку не го постигна голот на годината

Дерби

05/07/2020

12:43

2.357

Големина на фонт

а а а

Милан во секоја смисла на зборот го надигра Лацио во своето најдобро издание оваа натпреварувачка сезона, па покрај тоа што постигна три погодоци во мрежата на Стракоша, можеше да постигна најмалку уште толку со оглед на шансите кои ги создаде.

Свои прилики имаа и домаќините, но гостинскиот состав беше далеку подиректен и на крајот сосема заслужено славеше со 0:3, натпревар по кој Лацио сега заостанува седум бода во однос на Јувентус.

Стрелци на трите гола беа Чалханоглу, Ибрахимовиќ и Ребиќ, но сепак најспектакуларниот потег на мечот го изведе поранешниот играч на Реал Мадрид.

Тео Ернандез фудаблски се препороди во Милан и со својата брзина ги фрапира фановите, а поради истата, доста често е нарекуван „Спиди Гонзалес“ од страна на искрените фудбалски фанови кои изминатава ноќ сведочеа на страшен слалом.

Левиот бек ја прими топката на работо од својот шеснаесетникт, претрча околу 90 метри под полн спринт, одигра двојно додавање, а Стракоша спречи да го видиме голот на годината во Серија А со минималниот допир со кој го смени прваецот на топката која ќе завршеше во неговата мрежа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг