Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Радио Слободна Европа“, порача дека неговата влада нема да ја игнорира реалноста за името на нашата земја.
На прашањето „како ќе ја внесете Македонија, а не Северна Македонија во Европската унија“, а притоа во кампањата промената на името се користи во негативен контекст, Мицкоски одговори дека „реалноста нема да биде игнорирана“.
„ Ние ја користиме вокативната форма од името Македонија, тоа е Македонијо, зошто сакаме да покажеме еден вид на гордост, затоа што нашиот став е поврзан со нашата македонштина, со тоа што сме ние Македонци, коишто се од Македонија е познат и многу пати артикулиран во јавноста и сме го кажале во стотици интервјуа и тука навистина нема што да додадам и што да одземам“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „РСЕ“ и додаде:
„Истовремено сме кажале дека сме било против таа капитулација што ја донесе Зоран Заев потпишувајќи го Преспанскиот договор, но истовремено сме кажале дека ние реалноста нема да ја игнорираме, но истовремено сме кажале дека нема никогаш дозволиме оганот македонски да згасне се додека постои ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за Македонците, за Mакедонија и се што е поврзано со придавката македонски“, додаде Мицкоски.