Неочекуван пресврт: СЗО прекинува со натамошното тестирање! Хлорокин не ја намалува смртноста од Ковид-19

Точка

04/07/2020

23:39

4.447

Големина на фонт

а а а

СЗО денеска соошти дека ги прекинува своите испитувања за лекот за маларија хидроксихлорокин и комбинацијата на лекови за ХИВ лопинавир/ритонавир на пациентите хоспитализирани поради коронавирусот, бидејќи тие не придонеле за намалување на смртноста.

„Привремените резултати од тестирањето покажуваат дека хидроксихлорокин и лопинавир/ритонавир допринесуваат со мала или никаква смртност кај хоспитализираните пациенти заразени од Ковид-19, во споредба со стандардната нега“, навеле од СЗО во соопштението.

Како што додаваат, испитувањето веднаш ќе биде прекинато, пренесува „Ројтерс“.


Таквата одлука, донесена врз основа на препораките на меѓународниот одбор, не влијаат на другите студии во кои лековите се користат за нехоспитализирани пациенти или како превенција.

Во друго истражување СЗО го испитува и можниот ефект на лекот ремдесивир на Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг