Бремена Русинка (14) сака второ дете со Иван (10): Нивната приказна го потресе светот, но нив не им е грижа за коментарите!

Точка

04/07/2020

19:36

5.457

Големина на фонт

а а а

Дарја Суњишникова (14) открила дека посакува второ дете. Сега го очекува првото, а забременила на само 13 години и тврди дека татко на детето е момчето Иван (10).

Децата на една руска државна телевизија откриле дека очекуваат бебе. Тинејџерката неодамна на Инстаграм рекла дека гинеколозите не можеле да го утврдат точниот термин за породување бидејќи никој не знае колку недели од бременоста ќе достигне.


Младата трудница поради компликации завршила во болница. На Инстаграм открила дека никогаш не била толку исплашена, бидејќи мислела дека ќе се породи прерано, во 31-та недела од бременоста.

Откако веста за малолетничката бременост го обиколи светот и откако научниците тврделе дека таткото не е 10-годишно дете, Дарја храбро признала дека ја силувал, како што вели, 'дебел маж'. Додала дека на бебето после породувањето ќе му се направи ДНК тест, за полицијата да ги преземе сите чекори за апсење на нејзиниот напаѓач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг