Сетиен: Меси заминува? Не ми кажал

Макфакс

04/07/2020

16:08

2.324

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Барселона Кике Сетиен рекол дека од Лионел Меси не слушнал дека планира да ја напушти Каталонија и дека не е загрижен за својата иднина на „Ноу Камп“.

Вчера претпладне во фудбалскиот свет одекна веста која ја објави радиото „Кадена сер“ дека Меси ги прекинал преговорите со клубот околу новиот договор и дека наредното лето ќе ја напушти Барселона. Медиумите веднаш започнаа да шпекулираат дека ој ќе се пресели во Манчестер сити кај својот поранешен тренер Пеп Гвардиола.

„Не сакам да ги коментирам тие шпекулации. Во врска со тоа од Лео ништо не ми кажал. Тренира добро, разговараме за работите кој се поврзани со играта, ништо повеќе од тоа. Совршено разбира што мора да направи во секој момент од натпреварот, годините ништо не му можат“, рекол Сетиен.

Барселона на последните четири натпревар три пати одигра нерешено поради што водечката позиција на табелата му ја препушти на Реал. Клубот од Мадрид на шест кола до крајот има четири бода повеќе од Барселона.

Доколку не успеа да ја освои титулата Сетиен веројатно ќе мора да бара друго работно место.

„Воопшто не размислувам за мојата судбина. Се фокусирам на тимот, сакам да дојдеме до вистинското ниво. Со шпекулации за отказ сум се среќавал и во минатото, против такви муабети не можам ништо да направам. Свесен сум за бучавата која се прави, но јас сум фокусиран на работата“, рекол 61 годишниот тренер.

Барселона утре од 22 часот ќе гостува кај Вилјареал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг