Сафет Бишевац објави на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19

Макфакс

04/07/2020

20:50

2.593

Големина на фонт

а а а

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус.

Тој вели дека и покрај максималното почитување на мерките, е позитивен на Ковид-19 и дека заедно со семејството ќе биде во изолација.

„За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита. Се чувствувам одлично, засега немам никаков проблем. Заедно со семејството во наредниот период ќе бидеме во изолација, под надзор на матичниот лекар“, напиша Бишевац на Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг