Доаѓа период на годишни одмори и сега е вистинско време да се посветите на себеси во вистинска смисла.
Одвојте време да го препородите организмот, да го вратите сјајот на лицето, да ја затегнете кожата и да заблескате, а најдобар начин за рестарт на целото тело е секако детоксот во траење од една недела.
Одредени намирници се толку моќни што за час ќе ги исфрлат сите отрови кои ви се наталожиле во цревата и ќе го забрзаат метаболизмот, а еве кои се тие:
Познат е како чудотворна намирница која изобилува со витамини и минерали кои ги извлекуваат отровите од организмот.
Најдобро е секој ден да го започнувате со чаша млака вода во која ќе исцедите еден лимон. Со тоа ќе го поттикнете метаболизмот да работи, но и ќе помогнете во разградување на масните наслаги.
Зелениот чај е полн со антиоксиданси кои го чуваат нашето тело од слободните радикали. Зелениот чај е одличен начин за хидратација доколку не сакате постојано да пиете само вода.
Морковот е еден од најмоќните зеленчуци за детоксикација. Тој е преполн со бета каротен и витамин А и има одлично дејство врз здравјето на кардиоваскуларниот систем и имунитетот.
Краставицата ја поддржува функцијата на дигестивниот тракт и го чисти црниот дроб. Таа нѝ помага добро да се хидрираме и се однесува како природен диуретик, што значи дека му помага на телото да произведува повеќе урина за да се исфрлат токсините и другите отпадни материи од крвта и цревата.