Три прашања кои Бил Гејтс си ги поставува сега, а на 25 години му биле смешни...

Точка

03/07/2020

20:45

3.803

Големина на фонт

а а а

Сите ние имаме свои начини на мерење на успехот во животот и тие не многу ретко се менуваат во текот на животот.

За еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс тоа е ''проценката на неговиот личен и работен живот на крајот од годината'', пренесува „BizLife“.

„Некои мислат дека тоа е банално, но мене ми се допаѓа“ - напишал коосновачот на „Microsoft“ во 2018-та година на блогот.

Гејтс исто така забележал дека денес неговата проценка е многу поразлична отколку што тоа е случај во неговите 20-ти.


„Тогаш за проценката на крајот од годината се поставуваше само едно прашање: Дали Microsoft softver ги оствари соништата на корисниците?“ - напишал тој.

Секако Гејтс сè уште го оценува квалитетот на својата работа, но си поставува цела низа на други прашања за својот живот.

„Тие прашања би можеле да бидат смешни на 25 години, но како што станувам постар, тие имаат многу повеќе смисла“.

1. Дали му посветив доволно време на своето семејство?

2. Дали научив доволно нови работи?

3. Дали успеав да развијам некое ново пријателство и да ги зацврстам старите?




Спонзорирани линкови

Маркетинг