Руски свештеник кој го негирал постоењето на коронавирусот е отпуштен од црквата

Макфакс

03/07/2020

20:13

1.538

Големина на фонт

а а а

Руската православна црква отпушти еден монах кој ја негирал пандемијата на коронавирус и кој им се спротивставил на мерките на Кремељ и ја презел контролата врз манастирот.

Црковното собрание во Екатеринбург донесе пресуда да се отпушти отецот Сергеј, кој привлече внимание во земјата повикувајќи ги верниците да не го почитуваат црковното раководство и да се спротивстават на затворањето на црквите за време на пандемијата.

Монахот не се појавил на седницата и ја отфрлил пресудата. 

Во видео кое е објавено од негови приврзаници, тој ги повикува своите следбеници да дојдат да го бранат женскиот манастир Среднеуралск, каде се наоѓа тој од минатиот месец.

Црквата му забранила на монахот да води служба во мај, но тој продолжил да проповеда и минатиот месец ја презел власта над манастирот над Екатиринбург, кој е основан пред многу години. 

Отецот Срегеј, инаку пандемијата на коронавирус ја прогласил за непостоечка и рекол дека вакцините против ковид-19 се дел од глобалниот заговор за контрола на масата народ со помош на чипови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг