Мутираната верзија на Ковид-19 го носи името G614, научниците велат дека има една лоша карактеристика...

Точка

03/07/2020

19:40

6.688

Големина на фонт

а а а

Според големото истражување кое што било направено во Европа и Америка, се појавила нова верзија од коронавирусот, која што според научниците има голема веројатност да зарази многу повеќе луѓе.

„Тоа сега е доминантен облик на коронавирусот“ - изјавил за „Си-ен-ен“ имунологот Ерика Олмен од Институтот за имунологија „La Jolla“.

Истражувањето кое што било објавено во списанието „Cell“ е претходно продолжение од истата група на научниците, а покажува одредена мутација на коронавирусот која што станува доминантна.

Воочeна е мутација која што влијае на протеинот кој што вирусот го користи за да влезе во човечките клетки.

Експертите сега проверуваат дали таа мутација може да има негативно влијание на развојот на вакцината.


Ова истражување ги потврдило и претходните истражувања во кои што се сугерира дека новата верзија на Ковид-19 сега е почеста.

Експерите таа мутација ја нарекле G614 и потврдиле дека таа верзија целосно ја заменила првата верзија која што се прошири во Европа и Америка, а која што се викаше D614.

„Нашите податоци за глобалното следење на вирусот покажуваат дека варијантата G614 се прошири побрзо од варијантата D614“ - напишала во своето известување биoлогот Бети Корбар од Националната лабораторија Лос Анџелес.

„Сметаме дека вирусот е поопасен, но досега не пронајдовме докази дека G614 влијае на тежината на болеста“ - додала таа.

„Тестиравме дали G обликот на вирусот е поопасен од обликот D. Сите резултати покажуваат дека верзијата G е три пати поопасна од верзијата D“ - изјавил Монтефиоре.




Спонзорирани линкови

Маркетинг