„Тој не сфаќа што ми направи“: Мајката на Енди Мареј ова никогаш нема да му го прости на поранешниот тренер на Ѓоковиќ

Точка

03/07/2020

19:41

5.812

Големина на фонт

а а а

Мајката на британскиот тенисер Енди Мареј, Џуди, за тамошните медиуми раскажала за изјавата на Борис Бекер која што многу ја повредила.

Имено, Германецот по поразот на Енди во финалето на Австралијан опен во 2011-та година од Ѓоковиќ, изјавил дека треба да ја прекине соработката со својата мајка која што го тренирала:

„Не сум сигурна дека некогаш ќе му простам на Борис Бекер за тоа. Никогаш не се извини. Мислам дека никогаш нема да разбере што направи, како јас се чувствував тогаш“ - изјавила Џуди Мареј за „BBC“.

Таа исто така открила дека го повикала Бекер пред неколку години:

„Неколку години потоа му се јавив. Мислев дека е во ред да му кажам колкава штета направи со тоа што ми го кажа“.

„Во крајот во кој што живеам видов билборд и натпис со тоа што Бекер го изјави. Три дена не излегував од дома и ми беше навистина тешко. Борис Бекер е големо тениско име и кога ќе каже нешто луѓето мислат дека знае за што зборува и тоа е грешка на Џуди Мареј. Потоа избегнував да одам на турнири“ - истакнала мајката на тенисерот Енди.

Нејзиниот заклучок бил следен:

„Луѓето ме преплавија со негативни коментари и критики, а јас бев само натпреварувачки насочена жена која што навива за својот син. Сето тоа влијаеше на тоа да се чувствувам лошо како мајка“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг