Една ѕвезда на Сити не го испочитува шампионскиот шпалир и одби да ги поздрави играчите на Ливерпул

Дерби

03/07/2020

17:57

1.772

Големина на фонт

а а а

Играчите на Манчестер Сити се потчинија и им приредија шампионски шпалир на колегите од Ливерпул, но додека сите очи беа вперени кон испочитување на англиската традиција, на теренот играше само еден тим.

Сити му одржа фудбалска лекција на новиот шампион откако кралски го пречека на „Итихад“, славејќи со уверливи 4:0 против тимот кој не се памети кога последен пат примил четири гола на еден натпревар.

Фантастичната игра на Пеп Гвардиола и високата победа не дозволи премногу да се зборува за тоа што се случи како увертира на дербито, односно шпалирот при кој посебно внимание на медиумите им привлече една ѕвезда на домашниот тим.

Бернардо Силва беше крајно нетрпелив за време на шпалирот и беше очигледно дека воопшто не му е мило што е дел од истиот, па покрај тоа што беше единствениот кој не им аплаудираше на новите шампиони, дури и прв излезе од редот уште пред комплетниот состав на Ливерпул да мине меѓу играчите на Сити.

Овој потег на Силва секако предизвика измешани реакции на социјалните мрежи, бидејќи едни го осудуваат за непрофесионалниот и неспортскиот чин, додека најстраствените фанови на Сити се воодушевени од реакцијата на Португалецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг