Одобрено! Прв лек против корона во Европа

Точка

03/07/2020

21:29

6.409

Големина на фонт

а а а

Европската комисија дала условна дозвола за ставање на продажба на лекот "Ремдесивир".

Европската комисија дала условна дозвола за ставање во продажба на лекот "Ремдесивир", кој станал првиот медикамент за лечење на Ковид-19 со дозвола на ниво на Европска унија. 

Во Брисел наведуваат дека одобрението за "Ремдесивир" е издадено по забрзана постапка по препораката на Европската агенција за лекови, која ја усвоиле и државите членки на ЕУ.

Се додава дека издавањето на одобрението траело само една недела по препораката на Европската агенција за лекови во однос на вообичаените 67 дена колку што на Европската комисија обично е потребно за да одобри некој производ.

Комесарката задолжена за здравје, Стела Кириакидес, нагласува дека со ова е направен значаен чекор во борбата против вирусот.

"Фактот дека го дадовме одобрението за помалку од еден месец од поднесување на барањето, покажува колку е ЕУ подготвена што побрзо да реагира кога ќе се појави некој нов лек. Ќе го превртиме секој камен обидувајќи се да обезбедиме ефикасно лечење или вакцина против коронавирусот", изјавила Кириакидес.

Во Комисијата наведуваат дека "Ремдесивир" сега е дозволен за условно ставање на пазарот, што е еден од механизмите на ЕУ направени за да се обезбеди брз пристап до лековите потребни како одговор на итни ситуации, како што е моменталната пандемија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг