Интернетот полуде по овој рецепт: Помфрит кој можете да го јадете колку што сакате, а да не се здебелите

Точка

03/07/2020

22:40

11.454

Големина на фонт

а а а

Веруваме дека не постои човек кој не сака помфрит! Сите едноставно го обожуваат иако знаеме дека дебелее и е “смрт” за сите диети.

Меѓутоа, овој помфрит од тиквички стана вистински хит на интернет. Се прави лесно и брзо, не дебелее, а оние кои го пробале велат дека го задоволува вкусот и на најголемите љубители на традиционалниот помфрит. 

Потребни состојки:

- 30 гр. брашно
- 1 лажичка пченкарно брашно
- 1 лажичка сол
- половина лажичка оригано
- прстофат мелен црн бибер
- 3 белки
- 80 гр. пармезан
- 100 гр. презла
- 500 гр. тиквички

Начин на припрема:

1. Прекријте ја тавата за печење со хартија и загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени.

2. Исечкајте ги тиквичките на тенки парчиња.

3. Во еден сад помешајте го брашното, пченкарното брашно, солта, црниот бибер и ориганото, во друг сад ставете ги белките, а во трет – пармезанот и презлата.

4. Исечканите тиквички извалкајте ги најпрвин во брашното, потоа во белките, а на крај во мешавината од пармезан и презла.

5. Ставете ги во тавата за печење и оставете ги да отстојат на собна температура околу 15 минути.

6. Печете околу 20 минути и свртете ги еднаш во текот на печењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг