Снаодливи криминалци: Со дронови шверцувале дрога

Точка

03/07/2020

15:40

1.789

Големина на фонт

а а а

Дроновите се одлични геџети за фотографирање и снимање на видеа, а со оглед на тоа што одредени модели се прилично евтини, овие летала им се достапни практично на сите.

Меѓутоа, како и се останато, и овие геџети се подложни на злоупотреба. Тоа се случи во Сингапур, каде што две лица завршија зад решетки откако со помош на дрон се обиделе да прошверцуваат дрога во Малезија.

Како што соопштија од сингапурското Центрано биро за наркотици, локалната полиција воочила над Кранџи резерватот „необична активност на некакво летало“.

Веднаш била отворена истрага, по што набрзо било откриено дека на дронот била прикачена кеса со дрога. Уапсени биле двајца од четворица криумчари колку што биле вклучени во операцијата.


Ова не е прв пат дронови да се користат за некакви нелегални активности.

Пред неколку години со помош на дронови дури беше и организирано бегство од затвор, а со помош на беспилотните летала на затвореници им биле доставени потребните „алатки“ за бегство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг