Некои симптоми на Ковид-19 може да траат само 1 ден, а овие четири посебно ја загрижуваат Британија!

Точка

03/07/2020

14:39

5.288

Големина на фонт

а а а

Познато е дека симптомите на коронавирус вклучуваат покачена температура, губење на мирис и вкус, кашлица.

Меѓутоа во ризик сте и доколку ги развиете овие знаци во стомакот - дијареа, мачнина, повраќање, губење на апетитот.

Специјалист за заразни болести од Британија, доктор Вилијам Маршал, предупредува на овие четири нови симптоми на Ковид-19 и препорачува веднаш да се обратите кај лекар доколку ги почувствувате.


„Може да предизвика гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи губење на апетитот, мачнина, повраќање и дијареа. Овие симптоми може да траат само еден ден и обично се случуваат пред грозница и респираторни симптоми“, тврдат лекарите од Британија, па додаваат: „Симптомите на Ковид-19 може да се појават 2 до 14 дена по изложеноста на вирусот и можат да варираат од лесна до тешка клиничка слика.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг