Абдулманап Нурмагомедов, татко и тренер на Хабиб Нурмагомедов, руски ММА шампион во лесна категорија, починал од коронавирус на 58 годишна возраст.
Абдулманап се наоѓал во кома и по неколку недели борба починал.
Тој првобитно бил хоспитализиран во родниот Дагестан, а потоа бил префрлен во Москва во критична состојба, каде и починал.
В Москве скончался Абдулманап Нурмагомедов — отец Хабиба. Вечная память🙏 pic.twitter.com/wklZpJaJXN
— Спорт-Экспресс (@sportexpress) July 3, 2020
Нурмагомедов на 25-ти април бил примен во болница во Махачкала со воспаление на белите дробови.
Подоцна било објавено дека а позитивен на коронавирус и дека се лечи во московска болница.
Руските медиуми претходно пишувале дека Абдулманап бил лошо лечен во Дагестан, дека дошло до компликации и на крајот човекот не успеал да се извлече.
Потсетуваме, семејството Нурмагомедов претходните неколку месеци било "покосено" од коронавирусот, од кој починале неколку членови на ова семејство.