Ангела Меркел прв пат со маска во јавност

Точка

03/07/2020

13:57

1.702

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска прв пат носела маска во јавноста откако на почетокот на оваа недела била обвинета за лицемерие поради некористење на таква заштита во текот на епидемијата.

Меркел влегла во горниот дом на парламентот носејќи црна маска со натпис "EU2020.de", веб страната посветена на германското шестмесечно претседавање на ЕУ кое почнало на 1-ви јули. 

Владата на Германија пропишала задолжително носење на маска на некои јавни места, а новинарите на почетокот на седмицата ја прашале канцеларката зошто таа никогаш не носи маска во јавноста.

Меркел одговорила дека не и е потребна маска бидејќи ги почитува прописите за социјално дистанцирање, но дека тоа го прави во ситуации кога дистанцирањето не е можно, на пример кога оди во продавница и не под окото на јавноста.

"Но, нема да ви кажам каде одам во продавница", рекла Меркел со насмевка.

Германската канцеларка добила пофалби за досегашните мерки против коронавирусот, а рејтингот во анкетите уште е во пораст. Германската економија, најмоќна во Европа, засега ги поднесува последиците на пандемијата подобро отколку повеќето соседни земји.




Спонзорирани линкови

Маркетинг