Маченце спасено од пожар било одлучно да преживее – погледнете како изгледа денес

Точка

03/07/2020

12:19

2.532

Големина на фонт

а а а

Кога се запалила една гаража во Онтарио, Канада, пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата се изненадиле кога го забележале 5 недели старото маче.

Тоа било прекриено со пепел, а на шепите и на главата имало изгореници од трет степен. 

Мачето било однесено на ветеринар, каде веднаш започнало неговото лекување. Ветеринарите не биле сигурни каква ќе биде иднината на ова маче, но одлучиле да дадат сè од себе за да му го спасат животот, а неговата волја за закрепнување била посилна од сè.

Кога Роб Мегваер слушнал за несреќното животно, одлучил да го посети додека тоа закрепнувало. Брзо се спријателиле по што Роб го вдомил и му го дал името Доби.

Приказната има среќен крај – Доби изгубил неколку прсти, но тоа не го забавило. Штом му ги отстраниле завоите, скокнал на шепите и започнал да си игра. Домот го дели со мачките Свиф, Орион и Норисл и е енергичен токму како и своите браќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг