Катаклизма во сенка на пандемијата за која никој не зборува: Вакво нешто не се памети од 2007-ма година...

Точка

03/07/2020

09:12

4.466

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот национален институт за вселенски истражувања "INPE" регистрираше над 2,200 пожари при прегледот на сателитските снимки во регионот на Амазонија во текот на мај.

Според информациите на Институтот, тоа е за речиси 20% повеќе во однос на истиот период од минатата година, односно регистрирани се најголем број на пожари од 2007-ма година.

Повеќе од 2 илјади квадратни километри шума се уништени во периодот од јануари до мај оваа година, што е поразителен податок.


Со почетокот на сезоната на суша во Амазонија, експертите и активистите за околина обично го вклучуваат алармот. Се претпоставува дека оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, властите воопшто нема да вложат напори за да го следат овој проблем.


Не пропуштајте: Точка ТВ: Неверојатни факти за Амазонија кои веројатно не сте ги знаеле

Критичарите исто така го обвинуваат претседателот Жаир Болсонаро дека ја поддржува „дефорестацијата“ и тактиката на „сечење и палење на шумите“.

Болсонаро, инаку десно ориентиран популист, во минатото не ја криеше идејата за економска експлоатација на Амазонија, а минатата година се најде на жесток удар на критики поради разорните пожари во „белите дробови на светот“.


Критичарите тврдат дека планот на Болсонаро е со уништување на шумите, да се отворат нови подрачја каде што ќе се развива земјоделството, сточарството и рударството.

Министерот за животна средина на Бразил, Рикардо Салес, неодамна изјави дека владата треба да го искористи фактот што вниманието на граѓаните е насочено кон коронавирусот и да се ублажат прописите за заштита на околината во подрачјето на Амазонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг