Џенифер Анистон на сите им испратила силна порака на Инстаграм, со што на своите фанови јасно им дала до знаење да се чуваат од коронавирусот.
Актерката се фотографирала без шминка на лицето, но носела заштитна маска, а на истото ги посоветувала и другите.
„Разбирам дека маските се неудобни и непријатни, но зарем не мислите дека полошо е тоа што бизнисот згаснува. Луѓето добиваат откази... Здравствените работници се целосно исцрпени. И толку животи однесе овој вирус, затоа што не правиме доволно. Верувам дека во луѓето има толку добро и дека сите можеме ова да го направиме“, напишала меѓу останатото Џенифер.