Камерите снимиле катастрофа: Во лизгање на земјиштето во Мјанмар настрадале најмалку 160 лица

Точка

02/07/2020

22:11

4.087

Големина на фонт

а а а

Во лизгање на земјиштето во Мјанмар загинале најмлку 160 лица.

Спасувачите ги пронашле телата на настраданите и работат на пронаоѓање на преживеаните кои ги покрил бранот од кал, предизвикан од лизгање на теренот, до што дошло после обилните дождови.

Смртоносните лизгања на земјиштето станале сè почести во Хпакант, регион во државата Качин, во кој се одвиваат слабо регулирани рударски активности.

Во една таква катастрофа во 2015-та година починале 116 лица.

Многу работници, мигранти, се обидуваат да заработат за живот во Хпакант, пребарувајќи огромни купишта исфрлени рударски остатоци со надеж дека ќе најдат парчиња од жад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг