Марота најави: Интер подготвува понуда за најголемиот фудбалски „бисер“ во Италија

Дерби

02/07/2020

16:34

2.038

Големина на фонт

а а а

Бепе Марота самиот најави дека Интер е пред сама реализација на трансферот на Ашраф Хакими кој дефинитивно ќе стане прво големо засилување за наредната сезона, но спортскиот директор на Интер денеска јасно стави до знаење дека клубот од Милано не планира да застане тука.

Главниот оперативец на „нераѕурите“ испрати една оптимистичка изјава кога е во прашање најголемиот фудбалски талент во Италија, фантастичниот Сандро Тонали кој сигурно нема да остане во Бреша која е пред испаѓање во Серија Б.

Со своите импресивни партии на средината на теренот, Тонали го сврте вниманието на себе и за неговиот потпис сериозно се борат Интер и Јувентус, но поради одличниот однос меѓу двата клуба, се верува дека главен фаворит за ангажман на италијанскиот фудбалски „бисер“ е клубот од Милано.

– Сандро Тонали е надежен млад играч на кого сакаме да сметаме наредната сезона. Сепак, сите знаеме дека јас не сум единствениот фудбалски експерт кој се интересира за него, – му изјави Марота на Ди Марцио.

– Се уште немаме започнато преговори со Бреша, но мора да се напомене дека имаме одличен однос со нивниот претседател Челино, – додаде Бепе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг