Контроверзен закон: Илјадници луѓе би можеле да тргнат кон Европа, слики од нередите го обиколија светот

Точка

02/07/2020

18:19

4.032

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Хонгконг вчера почнала да го применува контроверзниот закон за безбедност и уапсила повеќе од 300 лица под обвинение за кршење на новиот закон за незаконско собирање. Националниот закон е донесен во вторникот во тајност, а критичарите истакнуваат дека станува збор за опасно ускратување на човекови права и замолчување на опозицијата.

Неколку илјади демонстранти се собрале на улиците по повод годишнината од предавањето на Хонгконг во рацете на Кина. Велика Британија на 1-ви јули 1997-ма година и го препуштила на Кина суверенитетот над Хонгконг под услов заштита на одредени слободи во следните 50 години и начелото "една земја, два система". 

Според новиот закон, протестите во Хонгконг се забранети, а полицијата има право да уапси секој што носи знаме, плакат или транспарент на кој се бара автономија на Хонгконг.

Нема критики

Полицијата ги нападнала демонстрантите со водени топови и солзавец со оправдување дека ја кршат забраната за собирање во групи поголеми од 50 луѓе, донесена поради пандемијата на коронавирусот. Повеќе од 300 луѓе биле уапсени поради кршење на забраната за собири, а најмалку седум лица поради кршење на законот за безбедност, вклучувајќи маж кој носел знаме со слоганот "независност за Хонгконг".

Главните прекршоци наведени во законот за безбедност се сепаратизам, субверзија, тероризам и шпионирање за странска држава. Многу двосмислено се опишани и им даваат на властите голема моќ во спроведувањето на сила кон активистите кои ја критикуваат владејачката Комунистичка партија. Оштетување на владина зграда се смета за субверзија и се казнува со доживотен затвор.

##https://twitter.com/Mahakal_k_Bhakt/status/1278550867948351488?s=20##

Застрашувачки

"Законот е страшен затоа што нема граници. Активистите во Хонгконг, кои се навикнале да делуваат во окружение кое во главно ги почитува нивните права, сега се соочуваат со застрашувачка празнина", рекла кинеската директорка на "Human Rights Watch", Софи Ричардсон.

Пекинг сега има овластување да интервенира во случаи на национална безбедност, може во некои случаи да го одреди судењето на обвинетите во Кина наместо во Хонгконг, судењето може да се одржи зад затворени врати и властите во Пекинг имаат право да го држат осомничениот за кршење на националната безбедност во притвор до шест месеци без пристап на адвокат или членови на семејството.

Законот за национална безбедност може да се прекрши и надвор од границите на Хонгконг, што значи дека лице може да биде уапсено при доаѓање во Хонгконг ако е осомничено за кршење на законот. Постои опасност дека законот ќе се применува и ретроактивно и дека лицето ќе се обвини за дело извршено и пред да е законот донесен.

##https://twitter.com/Mahakal_k_Bhakt/status/1278552395027369985?s=20##

"Бриши пораки"

Многу активисти преку ноќ едноставно замолчеле, во страв од опасните последици од изразувањето на сопственото мислење. Новинарот на "BBC", кој известува од Кина напишал како еден извор, инаку адвокат и активист за човекови права, го замолил да ги избрише сите пораки кои ги размениле преку социјалните мрежи.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рекол дека овој драконски закон ја уништува автономијата на Хонгконг.

Кина остро одговорила на критиките на САД и ги прашала: "Каква врска има тоа со вас?". Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, тврди дека новиот закон ќе донесе стабилност која ја нарушиле минатогодишните протести.

"Законот за безбедност се смета за најважен развој во односите меѓу централните власти и Хонгконг од 1997-ма година", рекла Лам.

Сите во Европа

Велика Британија понудила државјанство за дури три милиони жители на Хонгконг. Секако, тоа веднаш предизвикало инвазија на аеродромите, а карти за Лондон се купуваат масовно.

Моментално 350.000 жители на Хонгконг поседуваат британски пасош, а сега таква можност добиле уште 2,6 милиони луѓе. Тие во следните пет години ќе имаат можност да се преселат во Европа.

Масовни апсења

Меѓутоа, не успеале сите да се качат во авионот на спасот, па така полицијата на аеродромот уапсила човек кој со нож забодел полицаец во рака.

Полицијата во Хонгконг испалила солзавец, употребила водени топови и уапсила повеќе од 300 лица на протестите во среда.

Полицијата во среда на Твитер објавила фотографии од ранетиот полицаец, на кои се гледа дека му крвари раката, наведувајќи дека повредените му ги нанеле лица кои "држеле остри предмети".

Осомничените побегнале, а минувачите не понудиле помош, додала полицијата.

Меѓу уапсените е 15-годишно девојче кое носело знаме за независност на градот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг