Ламборџини гради јахта по која ќе полудат сите милионери...

Точка

02/07/2020

15:05

1.451

Големина на фонт

а а а

Познатиот италијански производител на автомобили се здружи со италијанскиот прозиводител на пловила "The Italian Sea Group" и го претстави најновиот проект "Technomar for Lamborghini 63". Станува збор за најбрзата јахта досега.

"Technomar for Lamogrhini 63" како погон ќе користи "V12" мотори на "MAN" од кои секој произведува по 2 илјади коњски сили. Тоа е доволно јахтата да развие брзина од 110 километри на час, што за комерцијална пловидба е лудило.

Јахтата и дефинитивно ќе постави некои нови стандарди или можеби сосема нова класа на пловила, слично на суперавтомобилите во автоиндустријата.

Суперјахтата ќе биде изработена од јаглеородни влакна и ќе биде ултралесна, односно со своите 20 метри ќе тежи 24 тони. Цената на оваа јахта засега не е позната, но ќе може да се купи веќе на почетокот на 2021-ва година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг