Новак Ѓоковиќ го победи коронавирусот – вториот тест е негативен

Точка

02/07/2020

13:45

2.063

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на Ковид-19 – тоа го покажале најновите резултати од тестот кој и двајцата го направиле во Белград.

Новак и Јелена не чувствувале никакви симптоми на вирусот, а тестот го направиле по претходен договор со лекарите. 

Во претходните 10 дена, по враќањето од Задар, семејството Ѓоковиќ било во самоизолација, следејќи ги сите протоколи и безбедносни мерки во врска со коронавирусот.


Најдобриот тенисер на 23 јуни објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирусот по враќањето од Задар, каде учествуваше на “Adria Tour”, турнир кој го организираше заедно со пријателите.

Покрај Ѓоковиќ, позитивни тестови имаа и Виктор Троицки, Григор Димитров, Борна Чориќ како и многу други учесници на тенискиот спектакл во Белград и Задар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг