Драматично предупредување на СЗО: Пандемијата се влошува, не слабее

Точка

02/07/2020

13:01

2.219

Големина на фонт

а а а

СЗО соопштила дека 60 проценти од 10-те милиони заразени ширум светот, биле регистрирани во јуни, што покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее.

Директорот на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус, рекол дека дневно се забележуваат и до 160.000 случаи и ги повикал сите држави сеопфатно да пристапат кон борбата против вирусот. 

"Пронајдете го, изолирајте го и грижете се за секој случај, следете ги и ставете во карантин нивните контакти, облечете ги и опремете ги здравствените работници, образувајте ги граѓаните и охрабрете ги да се чуваат себе и другите", рекол Тедрос.

Тедрос предупредил дека земјите кои применуваат само дел од мерките "имаат долг пат пред себе", пренесува "VOA".

"Не само тестирањето. Не само физичката дистанца. Не само следење на контакти. Не само носење на маски. Туку се наеднаш", рекол тој и нагласил дека од работите кои ги научил минатите шест месеци е дека никогаш не е доцна да се промени ситуацијата во некоја земја.

Директорот на СЗО нагласил дека носењето на маска некогаш може да спаси живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг