На 23 години родила 25 деца: Животот на супермајката од Уганда станал пекол

Точка

02/07/2020

12:06

6.007

Големина на фонт

а а а

41-годишната Мариам Набатаци од Уганда имала рекорден број на бебиња кога имала 36 години, а сите деца се од истиот татко.

Родила четворки пет пати, тројки четири пати, а близнаци шест пати. 

Но сега лекарите конечно откриле зошто Мариам е толку плодна. И било кажано дека пати од ретка генетска состојба поради која би можела толку пати да забремени и да роди.

"Нејзиниот случај е генетска предиспозиција на хипер-овулација, што значајно ја зголемува шансата за повеќекратно раѓање", рекол доктор Чарлс Кигунду, гинеколог во Кампала.

Мариам потврдила дека повеќе нема да може да има деца.

"Лекарот ми кажа дека ќе ми ја отстрани матката", рекла таа за локалните медиуми.

За жал, нејзиниот сопруг ја напуштил пред три години и сега ја сноси цела одговорност за одгледување на своето големо семејство.

Мариам се омажила на 12 години со својот тогаш 40-годишен сопруг. Нејзините први близнаци биле родени само една година подоцна.

По раѓањето на првите близнаци, Мариам отишла на лекар, кој и кажал дека има необично големи јајници. Ја советувал дека контрацепција како апчиња може да го оштети нејзиното здравје, така што децата би продолжиле да доаѓаат.

Многубројните семејства во Африка се чести, а жените во Уганда во просек раѓаат 5 до 6 деца, што според податоците на Светската банка е еден од најголемите наталитети на континентот.

Но, дури и во Уганда нејзиното семејство се смета за огромно.

Кога имала 23 години, Мариам имала 25 деца и во очај отишла на лекар да ја спречи повторно да роди.

Тој ја советувал повторно да забремени.

Во последната бременост пред две и пол години, Мариам имала компликации. Го родила шестиот сет на близнаци, но за жал едно од бебињата починало при раѓањето.

Тогаш ја напуштил и нејзиниот сопруг, кој често бил отсутен. Неговото име е сега семејно проклетство.

"Пораснав во солзи. Го минав сето време чувајќи и обидувајќи се да заработам нешто пари", рекла Мариам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг