Можеле да го спречат киднапирањето на малата Меделин? Полицијата не направила ДНК тестирање и го уапсила Германецот 2 години порано

Точка

02/07/2020

11:54

1.889

Големина на фонт

а а а

Португалската полиција не направила ДНК тест во случајот со силувањето кој можел да доведе до апсење на главниот осомничен во случајот со Меди МекКен две години пред нејзиното исчезнување, пишуваат денес британските медиуми.

Облеката и јажето од вилата на југот на Португалија, каде Кристијан Брукнер силувал 72-годишна Американка во 2005-та година, не биле однесени на ДНК тестирање, пренесува "Daily Mail". 

Германските инспектори сега се уверени дека превидот на португалската полиција го оставил Брукнер слободен да ја киднапира Меделин две години подоцна.

Сексуалниот престапник Кристијан Брукнер ја силувал постарата жена во вилата која е на само 10 минути оддалечена од апартманите во Алгарве каде летувало семејството на исчезнатото девојче во 2007-ма година.

Истрагата на случајот со силувањето во 2005-та година била прекината пет месеци по ужасниот напад, додека ни црвената маица ставена во устата на жртвата ни најлонското јаже за врзување на нејзините раце не биле тестирани на ДНК, пренесува "The Sun".

Брукнер бил уапсен поради силување во 2017-та година и осуден во декември откако германската полиција повторно го истражила случајот и направила ДНК тест.

Девојчето Меделин, кое имало само три години кога исчезнало, уште не е пронајдено.

Германските инспектори веруваат дека е мртва, но уште немаат докази кои би потврдиле тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг