Покрај оваа билка не ви е потребен ниту еден лек: Лекува гастритис, ја чисти крвта и спречува срцеви болести

Точка

02/07/2020

11:40

4.307

Големина на фонт

а а а

Ајдучката трева е повеќегодишна билка која спаѓа во категоријата на најлековити растенија. Многупати се покажала како корисна во итни ситуации кога било неопходно да се спречи крвавењето и да се залечат раните.

Најчесто цути покрај патишта и на ливади. Покрај тоа што ви ја украсува градината, ајдучката трева е добро позната во народната медицина. 

Оваа билка ги смирува мускулите и ги лекува грчевите, овозможува испуштање гасови од организмот, дејствува антивоспалително и ги уништува глистите во цревата.

Исто така е одлична во намалување на крвниот притисок и ги смирува дигестивните проблеми како што се надуеност, констипација и желудочни тегоби.


Ја прочистува и ја зајакнува крвта и дигестивните органи, а ефикасна е и во лекувањето на болести на црниот дроб, слезината, панкреасот, како и жолтица, грозница, тахикардија, болки во ‘рбетниот столб и во грбот, нередовни менструации, несоница, разни осипи и чиреви.

Најчесто се користи за сопирање на крвавењето и лекување рани. На пример, можете да ставите свежо или исушено цвеќе од оваа билка на рана која крвави и да притиснете. Најчесто, по само 10-30 секунди раната ќе престане со крвавење, но секако ова зависи од големината на истата. Покрај тоа, ајдучката трева служи и за отстранување болка од рани и спречува инфекции.

Некои луѓе ги џвакаат листовите од оваа билка за да ублажат забоболка. Исто така, се користи и во кулинарството – свежите листови често се користат во различни видови салати.

Ајдучката трева е одлична за чистење на кожата, особено кај лица кои имаат проблеми со масна кожа. Ставете две чаши зовриена вода врз 1 шолја сушено цвеќе од ајдучка трева, оставете да се излади, процедете и нанесете ја на кожата. Течноста ќе ја смири кожата и ќе ги намали иритациите.


Ајдучката трева може да ги олесни болните менструации. Оваа билка содржи соединение наречено танин кое помага во стеснување на крвните садови.

Најдобро е да пиете чај од ајдучка трева барем еднаш дневно. Еве како да го подготвите:

Потребни состојки:

• 1 супена лажица сушена ајдучка трева

• 1 шолја зовриена вода

• парче лимон

Начин на подготовка:

Ставете сушена ајдучка трева во шолја зовриена вода и оставете ја да отстои 10 минути. Процедете и по сопствен вкус, додајте парче лимон или малку мед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг