Конте: Алексис не е играчот кој многу го почитував во Премиер лигата

Дерби

02/07/2020

11:27

1.371

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте вчера одлучи да одмори дел од стартерите на мечот со Бреша, па така во стартната постава се најде Алексис Санчез кој играше на местото на Ромелу Лукаку.

Чилеанскиот фудбалер кој до неодамна важеше за голема ѕвезда во Премиер лигата дефинитивно се мачи да ја пронајде својата најдобра форма, но по вчерашниот меч, самодовербата барем малку ќе му биде на повисоко ниво откако соиграчите му овозможи да се запише во листата на стрелците.

Санчез беше изведувач на најстрогата казна и погоди од пенал, па иако и самиот Конте посочи дека Алексис не е ни приближно играчот кој го сретна во Англија, исто така додаде дека со максималното залагање може да се врати на вистинскиот пат.

– Го доведовме Алексис Санчез за да добиеме на квалитет во нашиот состав. Тој не е играчот која многу го почитував во Англија, но се наоѓа на вистинскиот пат.

– Имаше навистина добар пристап на мечот против Парма, а работеше многу напорно и овојпат и заслужено доби награда со гол, – изјави Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг