Јасикевичиус ќе седне на клупата на Барселона

Макфакс

02/07/2020

10:15

1.001

Големина на фонт

а а а

Шарунас Јасикевичиус ќе го напушти Жалгирис и од наредната сезона ќе биде тренер на Барселона, пренесува порталот „Ла Ресистенција де Палау“.

Челниците на Барселона, во вторникот, спогодбено се разделија со тренерот Светислав Пешиќ кој не успеа по шест години пауза да ја врати шпанската круна во Барселона. Барселона во финалето на завршниот турнир во АЦБ лигата загуби од Басконија со 67-9.

Јасикевичиус е поранешен играч на Барселона, тој од 2016 година го предводи Жалгирис. Во 2018 година приреди вистинска сензација кога со литванскиот првак успеа да избори пласман на завршниот турнир во Евролигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг