Гвардиола го потврди трансферот на Сане: Јас сакав да остане…

Дерби

01/07/2020

19:37

2.379

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола потврди дека Лерој Сане ќе си замине од таборот на Манчестер Сити и ќе се врати во својата татковина каде ќе потпише за Баерн Минхен.

Дел од медиумите веќе го најавија овој трансфер, а дека истиот во скоро време треба да биде официјализиран истакна и Гвардиола кој жали Сане донел таква одлука да го напушти клубот кој го предводи.

-Изгледа така, ама се уште е готово. Има неколку мали проблеми, но се чини дека тој ќе замине во Минхен. Му посакуваме се најдобро и голема благодарност за нашите заеднички минати години. Тој ќе има уште едно поглавје во фантастичен клуб како Баерн Минхен. 

-Сакаше да си замине. Секој има свој живот и тој реши да продолжи понатаму. Јас сакав да остане, ама тој веруваше оти таму ќе му биде подобро и ќе биде посреќен, -истакна Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг