И Грците ''удрија'' по џебот на туристите – еве како се движат цените таму и какви протоколи се спроведени

Точка

01/07/2020

20:16

6.076

Големина на фонт

а а а

Денес околу 100 српски туристи полетаа за Скијатос со чартер лет, што беше првиот авион кој што од почетокот на пандемијата коронавирус слета на некој од грчките острови.

Практично со овој лет се отвори туристичката сезона во омилено грчко летувалиште, а традиционално Грците им посакале топло добредојте на туристите.

Тестирање - да или не?

Задолжително се тестираат 20 отсто од патниците од авионот. Тестот се прави за вкупно 11 острови, меѓу кои е и Скијатос, а готов е за еден час и половина, додека пак на останатите места се чека дури и по еден ден.

Од авионот биле изнесени 22-ца луѓе и биле однесени на тестирање зад параванот. Тестовите ги прави грчката војска, а на избраните патници не им е дозволено да ја напуштат собата додека не стигнат резултатите од тестот.


Хотели

Гостите не мора да носат маски во затворени простори во хотелот, но сите вработени во хотелите се опремени со визири.

Насекаде има средства за дезинфекција и се води грижа за хигиената. Рецепциите не се оградени со стакло ниту пак со пластика.

Наместо клучеви за собите, се користат пластични картички за полесна дезинфекција.

Каква е ситуацијата на плажите, какви се цените?

На најпопуларната плажа на Скијатос цените се исти како во некои елитни дестинации.

Популарната плажа Кокунариес позната е по елитните гости и високите цени. Ова лето баровите на плажите служат еспресо по цена од три евра, а популарното грчко нескафе за 4 евра.

Изнајмување на две лежалки се наплатува 10 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг