Летен хит во најава: Ај Кју со ремикс на песната „Колку добро те знам“

Точка

01/07/2020

14:41

2.268

Големина на фонт

а а а

Групата „Eye Cue“ неуморно работеше за време на пандемијата, по што подготвија нoво музичко дело кое се очекува да биде летен хит.

Имено, станува збор за ремикс на песната „Колку добро те знам“ која излезе во 2017-та година, а која сега можеме да ја слушнеме преточена во електронска денс верзија.

„Ова беше вистински предизвик и одеше со леснотија. Изненадени сме колку добро нѝ влијаеја карантинските денови и ова отвора ново поглавје за нас. Првите импресии од најблиските се дека ваквиот правец на музика многу повеќе нѝ лежи, па ќе оставиме публиката да го каже своето. Нам многу нѝ се допаѓа ремиксот и со нетрпение очекувавме да го споделиме“, велат од „Eye Cue“.

Видео записот за ремиксот е во последни фази кон дефинирање на сценариото и ќе биде сосема поразлично од сè останато досега што македонската публика навикнала да го гледа од нив.


„По излегувањето на ремиксот ќе се организира онлајн кастинг каде секој што сака да биде дел од видео записот на песната ќе може таму да се пријави и да учествува. Начинот на кој тоа ќе го изведеме со тимот ќе бидете благовремено известени“, велат од бендот.

Автор на ремиксот се потпишува Бојан Трајковски, а за насловната фотографија на ремиксот е задолжена Николина Славковска

Инаку, бендот најавува уште неколку нови песни кои ќе излезат многу наскоро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг