Првиот авион на аеродромот во Скопје пречекан со „воден мост“

Точка

01/07/2020

21:34

10.677

Големина на фонт

а а а

Првиот патнички авион кој пристигна на меѓународниот аеродром во Скопје по укинувањето на забраната за летови беше авионот на „Туркиш Ерлајнс“ од Истанбул.

Авионот долета од турскиот град во Скопје со 104 патници и членови на екипажот, а на нашиот аеродром беше пречекан со „воден мост“, авијациски поздрав за добредојде.

Веднаш после него пристигна уште еден авион од Истанбул - авионот на „Пегасус“ кој донесе 125 патници. Веќе воспоставени се и линиите со Бремен, Келн, Стокхолм и Ларнака, а во периодот кој следува ќе се враќаат и останатите „стари“ линии кои сообраќаат од и до скопскиот и охридскиот аеродром.

Секако, после тримесечната пауза поради коронавирусот, со повторното отворање на аеродромите пристигнуваат и нови правила, како што е дезинфекцијата на раце при влез во аеродромската зграда, носење на заштитна маска и одржување на дистанца.

Од скопскиот аеродром информираа дека денес, на првиот ден од реотворањето се очекуваат 28 летови со вкупно 1,700 патници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг