„Очај на Јадранот“ – германска телевизија објави прилог од празните градови: „Вака изгледа криза во Хрватска“

Точка

30/06/2020

21:15

8.448

Големина на фонт

а а а

Во видео прилогот прикажани се сцени од ова време во годината, некарактеристични за Хрватска - една од најатрактивните туристички дестинации за многумина.

Германскиот јавен сервис емитувал шестминутно видео за Хрватска со име - „Очај на Јадранот“.

Во него се истакнува дека во Хрватска одвај има по некој турист и дека луѓето кои што работат во туристичкиот сектор се на голем финансиски удар.

„Вака изгледа криза во Хрватска“ - вели новинарката од германската телевизија додека во видеото оди кадар од над 100 празни јахти кои што се закотвени н пристаништето.

„Недостасуваат патници“ - истакнува новинарката во прилогот.

Потоа следат сцени кои што за ова време од годината се навистина некарактеристични за Хрватска.

„Масовниот туризам изостанува. Тоа е вистинска катастрофа за целата земја“ - се наведува во прилогот и се додава дека Сплит веќе ја чувствува таквата атмосфера.

Од друга страна пак, оваа телевизија пронашла и некои германски туристи во Сплит на кои што им се допаѓа тоа што нема метеж таму и што е многу поевтино од ланската сезона.

„Сега насекаде е ''happy hour''“ - вели еден од задоволните туристи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг