Овој научник со едноставен експеримент докажал колку заштитната маска е ефикасна во борбата со Ковид-19 – погледнете

Точка

30/06/2020

19:30

6.547

Големина на фонт

а а а

Покрај многубројните предупредувања и апели за носење на заштитни маски во затворени простории задолжително, и понатаму постојат луѓе кои што не веруваат дека заштитните маски штитат од вирусот.

Еден научник на сликовит начин го прикажал влијанието на заштитните маски во борбата против Ковид-19.

Имено, д-р Рич Дејвс на својот Твитер профил ги покажал резултатите од двата експерименти кои што добро покажуваат како маската ги блокира респираторните капки од нашата уста и грлото кога киваме, пееме, зборуваме, кашламе.

Првата фотографија и првиот тест прикажуваат колку заштитната маска ја намалува можноста да се заразиме.

Вториот тест прикажува колку држењето дистанца од 2 метри е важно за сите нас.

„Свесен сум дека овој пример за прикажување на ширењето на вирусот и колонијата на нормалните бактерии од мојата уста и грло покажува како се шират респираторните капки, како оние за кои што се верува дека воглавно го шират Ковид-19 и како маската ги блокира истите“ - напоменал Рич Дејвис, чиј експеримент предизвикал големо внимание токму поради тоа што на едноставен начин укажува на важноста на носењето заштитна маска. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг